spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Македонски Брод се модернизира, добива нов парк

МЛС: Македонски Брод се модернизира, добива нов парк

– За подобрување на општинските услуги и заштитата на животната средина, Општина Македонски Брод аплицираше по јавните повици за финансиска поддршка на предлог проекти, објавени од страна на Бирото за регионален развој, односно, беше побарано финансирање на проектот „Реконструкција на паркот покрај мостот на реката Треска“ и „Набавка на возило-трактор и опрема за подобрување на капацитетите и работата на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ во Македонски Брод. Реконструираниот парк ќе придонесе за разубавување на сликата на градот, дружба и релаксирање на граѓаните на општината, ресоцијализација по двегодишниот период на пандемијата и секако подобрување на условите за живот, потенцираше министерот Милевски.

Градоначалникот на општина Македонски Брод,  Жарко Ристески, рече дека проектите веќе се во завршна фаза.

– Во вредност од 1.709.000 денари набавен е трактор со приколка за собирање на отпад и опрема за подобра и поефикасна испорака на комуналните услуги на граѓаните во општината. Со реализацијата на овој проект постигната е проектната цел подобрување на капацитетите за работа на јавното комунално претпријатие и заштита и подобрување на животната средина, појасни градоначалникот.

За проектот „Реконструкција на паркот покрај мостот на реката Треска“, Бирото издвоило 3.000.000 денари и овој проект е во завршна фаза на реализација.

– Со овој проект се добиваат нови урбани и атрактивни и естетски уредени содржини, зеленило, како и урбана опрема за одмор и релаксација на населението на општината, дополни Ристески.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте