spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМицкоски со препорака до власта како да се надмине кризата со парното...

Мицкоски со препорака до власта како да се надмине кризата со парното греење во Скопје

Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро – енергетскиот систем.

Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација – така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ.

Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)!

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...