Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање на што се должи заострената реторика кон ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз рече дека не смета дека е заострената реторика, туку реална, бидејќи овие коалициски партнери како што ги нарече приврзоци на владата на СДСМ седат во влада во која што царува криминалот.
Јас не мислам дека е заострена реториката, напротив мислам дека е реална реторика. Да седат како приврзоци во влада во која што царува криминалот и економската неспособност, покажува само дека имаат други интереси. Дали ДОМ е зелена партија, а Македонија е почиста, одговорот е апсолутно не. Демократскиот сојуз е партија која се промовира како партија за борба со криминалот и корупцијата, дали Македонија е подобро или полошо рангирана на Транспаренси интернешанал, секако е дека е полошо рангирана, а криминалот се гледа секојдневно, како што кажав кокаинот царува по македонските улици, вели Николоски.