spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: Избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција...

НАЕОПМ: Избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2021 година

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на Јутвики, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

Јавен повик

за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2021 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ( НАЕОПМ) е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Северна Македонија.

НАЕОПМ го објавува овој Јавен повик со цел да се избере организација од Република Северна Македонија активна во полето Млади која со својата експертиза ќе придонесе во деталната дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2021 година. Главната улога на организацијата е изработка на дескрипција на националниот развој на политиките во однос на младите кој треба да биде на англиски јазик за потребите на Јутвики. Критериуми за избор:

  • Најмалку 7 години работа на организацијата во полето млади;
  • Минимум 5 вработени во организација, програмски дел;
  • Минимум учество во подготовка на 2 национални политики за млади;
  • Познавање на европските политики и стратегии во областа на младите;
  • Одлично познавање на англиски јазик на вработените;
  • Способност за работа со ИКТ алатки;
  • Искуство во управување и спроведување на интернационални проекти;
  • Учество на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на Млади;
  • Учество во национални/локални комисии или работни тела за промоција и развој на волонтерството.

Начин на избор и ангажман на Организација

Пристигнатите пријави прво ќе поминат низ проверка на формални услови а потоа врз нив ќе биде спроведена квалитативна проценка врз основа на доставените документи.

Избраната организација ќе биде поканета на задолжителна обука организирана од страна на НАЕОПМ. Обуката се однесува на релевантната документација и начинот на изготвување на секое поглавје.

Избраната организација ќе биде ангажирана до 31 март 2022 година.

Избраната организација ќе потпише договор со НАЕОПМ со кој ќе се регулираат неговите права и обврски во поглед на ангажманот и надоместокот за извршената работа.

НАЕОПМ го задржува правото на измена на износите на надоместокот, како и правото на ускратување и/или смалување на износот на надоместокот сразмерно со опсегот на евентуално утврдените пропусти.

НAEOПM го задржува правото да ги превземе сите неопходни мерки за да спречи судир на интереси кои делумно или целосно можат да влијаат врз имплементацијата на склучениот договор со избраната организација. Членови на избраната организација неможат да бидат ангажирани за изработка на дескрипцијата на Јутвики доколку се:

  • Лица кои во било кој облик се вклучени во надзорот на работата на НАЕОПМ;
  • Лица кои не се државјани на Република Македонија;
  • Лица кои биле или се виновни за сериозна професионална злоупотреба од било каков тип кој НAEOПM може да го докаже;
  • Лица кои непрофесионално или парцијално ги извршиле задачите врз основа на различни типови на договори со НAEOПM.

Постапка за пријавување

Пријавите се поднесуваат исклучиво по пошта или лично во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на  следнава  адреса:

Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 17, Поштенски фах 796, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Краен рок за поднесување на пријавите е: 17 јаунари 2022 година (дата на поштенска пратка).

Потребна документација:

  • Кратка биографија во Еуропас формат на македонски јазик на активните членови на организацијата кои би работеле на дескрипцијата на поглавјата.
  • Доказ за 7 годишно постоење на организацијата и активна работа на организацијата во полето млади
  • Доказ за најмалку 5 вработени во организација, програмски активности
  • Доказ за учество во подготовка на 2 национални политики за млади

Дополнителна документација (копија):

  • Доказ за учество во меѓународни активности во полето млади.
  • Доказ за стекнато искуство за управување и спроведување на интернационални проекти.
  • Доказ за познавање на англиски јазик.

ВНИМАНИЕ! Квалитативната проценка на апликациите ќе се врши врз основа на поднесената потребна документација. Во Ваш интерес е да доставите и дополнителна документација, која ќе даде дополнителен квалитет на Вашите квалификации.

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...