spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Еднократна помош за прваче

Валандово: Еднократна помош за прваче

? Воведена е нова мерка за доделување на еднократна парична помош за семејствата кои имаат прваче.

? Мерката предвидува еднократен додаток од 4000 денари за секое прваче во општината и има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството.

Паричната помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина #Валандово, од страна на семејствата.

Барањето за остварување на еднократна помош за прваче, може да се поднесе:
? онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа „мЗаедница“, во делот за „Субвенции“;
?️ писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово,

Барањето е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот линк:
▶️ https://valandovo.gov.mk/Општини/Услуги/Обрасци.aspx

? Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:
? потврда од Општинско основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна година;
? фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
? фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-подносител на барањето;
? фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето;

Аплицирањето за еднократниот додаток ќе може да се реализира до 31.01.2022 година.

Продолжуваме заеднички да развиваме солидарна заедница и меѓусебно се поддржуваме.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...