spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Донација од храна за народната кујна, еден месец топли оброци од...

Крушево: Донација од храна за народната кујна, еден месец топли оброци од сопственикот на хотел Панорама


Сопственикот на хотелот Панорама и спа и ски центарот Алто донира храна за народната кујна во Крушево. Донацијата обезбедува храна за еден месец и топли оброци за граѓаните од социјално ранливи категории.

„Во име на општина Крушево и сите граѓани се заблагодарувам за оваа голема донација која ќе помогне на оние на кои најмногу им треба. Донираната храна ќе обезбеди оброци за цел еден месец за сите корисници на народната кујна во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

На донаторот се заблагодарува и директорката на детската градинка „Гонча Туфа“ Мери Христоска во чиј состав е сместена народната кујна.

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...