На одржаната четвртата редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион беше потпишан договорот со #ЈИПР за уредување на туристичка патека од ресторан Гранико до ГП Дојран.
Во проектот се предвидува
Расчистување и уредување
Обележување на паркинг места
Изградба на пешачка патека во должина од 1.285 метри.
Со овој проект ќе се развие нова туристичка зона во општината, ќе се создаде нов простор за рекреација на мештаните, а секако и на туристите.
Извор: Општина Дојран