По иницијатива на група граѓани, станари во зградата на улица „Ристо Чавдаров“- Гевгелија, која пред неколку години беше опожарена, отстранета е цевката која беше висната од кровот и претставуваше опасност по животот на станарите и мунувачите.
Имено, Општина Гевгелија излезе во пресрет на барањата на групата станари за остранување на оваа цевка која останала како дел од расчистување на сметот од пожарот на зградата.
Интервенцијата беше извршена од страна на ЈПКД „Комуналец“ со помош на механизација од градежната фирма „Еуроинг“- Гевгелија, со што е спречено можното паѓање и предизвикување како материјални штети, така и телесни повреди кои би го загрозиле човековиот живот.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати апел до граѓаните секојдневно да ги пријавуваат своите проблеми на Систем 48, за нивно навремено решавање и постапување по истите.
Извор: Општина Гевгелија