spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува добрата соработка во заштитата на животната средина

МЖСПП: Продолжува добрата соработка во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман ја одржаа првата средба по нејзиното именување за амбасадор во РСМ во октомври минатата година. На средбата министерот Нуредини информираше за долгогодишната и добра соработка што двете држави ја имаат во различни области на заштита на животната средината.

Покрај другото, министерот Нуредини изрази посебно задоволство од минатогодишната успешна реализација на низа заеднички проекти во делот на заштита на природата преку Програмата за заштита на природа, а се разговараше и за тековните и идните проекти што МЖСПП ги реализира со помош на Швајцарската Влада во делот на управување со отпадот и заштитата и управувањето со водите.

Амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната соработка, но и решителност во правец на продлабочување на истата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...