Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.
И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.
Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!
Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.
И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.
Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.
Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати.
Затоа Филипче ќе одговара!
Извор: ВМРО