Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски како работодавач, од една страна и претставниците од Синдикатот, од другата страна, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Општина Кисела Вода.
Претседателот на гранскиот синдикат, ССКО на РМ, Зоран Антовски, како и престседателот на ССО на Општина Кисела Вода, Далибор Стојановски, заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски, на писмено ги прецизираа правата и условите за работа на сите вработени во оваа локална самоуправа. Заеднички беа дефинирани обврските, но и правата на вработените и нивната положба, условите за работа и делувањето на синдикалната организација, како и други важни прашања поврзани со правата на вработените во Општината.
Извор: Општина Кисела Вода