spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со претставниците на ЕБОР

МЖСПП: Средба со претставниците на ЕБОР

Министерот Нуредини одржа работен состанок со претставниците на тимот на Инфраструктура Европа- група за одржлива инфраструктура (SIG) и Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) во Лондон, Гијом Ле Брис, помошник директор и Гонкало Кореја, главен банкар, придружувани од Анди Аранитаси, директор на резидентна канцеларија на ЕБОР во Северна Македонија и Билјана Милошеска, виш банкар, помошник директор.

На состанокот се разговараше за соработката во областа на животната средина, со посебен акцент на статусот на кредитната линија – заем од 55 милиони евра за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад, односно изградба на основната инфраструктура – регионални депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион.

Претставниците на ЕБОР истакнаа дека интензивно се работи на процесуирање на нашата апликација и ја потврдија нивната посветеност и подршка за нашата држава.

Министерот Нуредини заблагодарувајќи им се за добрата соработка ја нагласи важноста на одобрувањето на овој заем за имплементација на споменатите големи капитални инфраструктурни проекти со кои ќе се обезбеди здрава животна средина за граѓаните на целата територија на државата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...