spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКратово: ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура...

Кратово: ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура ,, Лазар Софијанов“

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), член 29 и 30 став 1 и член 38 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), членовите 13, 14 и 15 од Статутот на ЈОУ Дом на култура ,,Лазар Софијанов“ Кратово Бр. 01-26/4 од 19.02.2018 година и Одлука за  дополнување на Статутот бр.02-143/1 од 16.12.2021 година, Градоначалникот на Општина Кратово, распишува

 ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово

Оглас Бр. 1/2022

  1. Градоначалникот на Општина Кратово распишува Јавен Оглас за избор на Директор со мандат од четири години. Согласно  условите  предвидени со закон кандидатите треба да достават пријава со кратка биографија и документација дека ги исполнуваат следниве услови:

– диплома за завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествени науки или од областа на хуманистичките науки;

– уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);

– доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за вршење  на професија, дејност или должност ( не постаро од 6 месеци);

– потврда за работно искуство во културата,  да  има  минимум  5  (пет) години  работен  стаж  во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за делo;

– да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постари од пет години: – ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода;

– Предлог програма за работа и развој на Дом на култура – Кратово.

  1. Дневното работно време е  8 (осум) часа, од 7.30 до 15.30 часот, од понеделник до петок.

Неделното  работно  време  е  40  часа.

Основна плата:  37.372 ,00 денари.

  1. Огласот трае 15 (петнаест) дена, сметано од 18.01.2022 до 01.02.2022 година.
  2. Пријавите со потребните документи (со назнака за јавен оглас бр.1/2022) да се достават до Управниот одбор по пошта на адреса до ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бб. 1360 Кратово или во архивата на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, секој работен ден од 8 до 15 часот.
  3. Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово. Комисијата е должна во рок од пет дена од завршувањето на огласот да ги разгледа доставените документи.
  4. Комисијата доставува предлог кандидат до Управниот одбор во рок од 7 (седум) дена.
  5. Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот од Управниот одбор, врши избор на Директор.
  6. Ненавремено доставените пријави нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

Извор: Општина Кратово

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...