spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Зимската служба во континуирана работа на терен

Битола: Зимската служба во континуирана работа на терен

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на текот на работните активности на зимската служба и динамиката на расчистување на улиците низ општината. Екипите на зимската служба на општина Битола, од утрово постојано се на терен.

Директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски информираше дека континуирано се работи на чистење на снегот од улиците, а екипите ќе бидат дополнително ангажирани и во попладневните и вечерните часови, кога ќе биде и фреквенцијата на сообраќајот намалена. Дополнително, се расчистува снегот во руралните места, како и во потпелистерските села.

Расчистувањето се врши со 10 возила, а до 15.00 часот искористени се 25 тони сол и 30 метри кубни ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.

Јавното претпријатие Комуналец, врши расчистување на тротоарите и мостовите.

Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваа целосното расчистување до 15.00 часот, но со намалувањето на интензитетот на врнежи од снег се зголемува можноста за делување и со дополнителна механизација и нови количини на сол и ризла на местата каде е потребно.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...