spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Запознавање со имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“

Гевгелија: Запознавање со имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“

Во Општина Богданци, беше одржан состанок на Управен одбор на ЛАГ Бојмија. На кој членовите од страна на претседателот на ЛАГ Бојмија беа запознаени со почетокот на имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“. Проектот е финансиран од УСАИД, а го имплементира Мрежата за развој во партнерство со: ЛАГ Бојмија, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Малеш – Пијанец, ЛАГ Беласица – Огражден, ЛАГ Абер 2015 и СЕГ Консалтинг.

 

Одржливиот развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата е во фокусот на овој проект, истакна претседателот Ристо Атанасовски. Притоа, развојните предизвици треба да бидат надминати потпирајќи се на сопствените ресурси и зголемен ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.
Програмата за развој на заедницата ќе биде катализатор на развојот предводен од локалните чинители, како докажан одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во соодветни тематски сектори или географски подрачја. Програмата ќе спроведува нов партиципативен пристап за решавање на проблемите со кои се соочуваат руралните средини.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...