На 23.01.2022 околу 16.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште.
Тие се сомничат дека претходно противправно одзеле патничко возило „цитроен берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица. Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.