spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: 155 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

МВР: 155 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...