spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба на министерот Тупанчески и Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан...

МП: Средба на министерот Тупанчески и Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески вчера попладнево оствари средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. Министерот во своето обраќање изрази благодарност за поддршката која Холандија континуирано ја дава на Република Северна Македонија во реформскиот процес, со надеж дека во идниот период, ќе се забрза темпото за спроведување на реформите во правосудниот сектор, кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.

Беа разменети мислења за системските прашања кои се однесуваат на концептот на владеење на правото преку воспоставување на демократски стандарди и вредности.

На средбата се разговараше и за идните приоритети во насока на зголемување на транспарентноста, независноста и ефикасноста на судскиот систем, предизвиците кои ги носи дигитализацијата, зголемување на професионализацијата на институциите, со цел борбата со корупцијата да биде поефикасна преку доуредување на правната рамка која го опфаќа инструментот конфискација на имот.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...