spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Продолжување на рокот за пријавување на ДДВ-04

УЈП: Продолжување на рокот за пријавување на ДДВ-04

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.01.2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.01.2022 година.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...