spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар на работилница за кривичен прогон на кривични дела против...

МЖСПП: Државниот секретар на работилница за кривичен прогон на кривични дела против животната средина

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова вчера учествуваше на работилницата на тема „Кривичен прогон на кривични дела против животната средина: загадување на воздухот“.

На настанот, Шукова ги презентираше законските и подзаконските акти со кои е регулирана заштита на амбиенталниот воздух, како и активностите и надлежностите на ДИЖС при контролира на различните субјекти во исполнувањето на законските ообврски.

Во своето обраќање, Државниот секретар се осврна и на казнената политика на РСМ во животната средина, карактеризирајќи ја како преблага, земајќи ги во предвид висината на штетите кои настануваат во природата. Според неа, поголема заштита би се постигнало доколку се земе предвид и корпоративната еколошка кривична одговорност, бидејќи корпорациите се имаат покажано како едни од најголемите загадувачи во Републиката, a административни и кривични казни треба да бидат дел од истото спроведување на процесите за криминал во животната средина, за да може да се изречат кривични санкции за сериозни прекршувања и да има помала зависност од административните стандардни санкции.

Работилницата е во организација на Амбасада на САД во нашата држава.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте