spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаОлимпијците наместо наградени – омаловажени

Олимпијците наместо наградени – омаловажени

Нашиот олимписки претставник на претстојните игри во Пекинг во крос кантри (спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно), Ставре Јада, излезе со разочарување во јавноста, откако советот на Општина Крушево му додели минимални 10.000 денари и тоа само откако самиот тој доставил барање за финансиска помош.

За жал ова се најчестите изјави кои ги слушаме од македонските спортски репрезентативци, амбасадорите на Македонија на големите шампионати и игрите.

Наместо врвните спортисти да бидат соодветно наградени, мотивирани и стимулирани, но со тоа и пример и инспирација за достиж на младите генерации, со ова само се обесхрабруваат и оние малку останати и се постигнува сосема спротивен ефект.

Нашата борба и понатаму е во насока на еднаков третман на сите наши репрезентативци кои посветуваат цел свој живот за гордо да ја претстават Републиката, да бидат достоинствено наградени, но и величени за сиот вложен труд. Воедно ќе иницираме поголема агилност од страна на општините, АМС и МОК во однос на стимулација на спортистите за постигнување поголеми успеси.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Илинден: Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците

0
По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта...