spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Вложуваме и во урбани и во рурални средини, сите деца имаат...

МОН: Вложуваме и во урбани и во рурални средини, сите деца имаат право на квалитетно образование

Министерството за образование и наука и локалните самоуправи се упатени на секојдневна соработка затоа што обезбедувањето на квалитетно образование е од вземен интерес. Ова на средбата го потврдија ресорниот министер Јетон Шаќири и градоначалниците  на општините Боговиње и Долнени Бесник Емшиу и Урим Ибески, на која разговараа за одвивањето на воспитно-образовниот процес во двете општини и начините за негово унапредување.

Министерот Шаќири добил уверување од градоначалниците дека сите општински училишта се подготвени за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците, што е во најдобар интерес на учениците. Како и во првото полугодие, наставата ќе се одвива со почитување на протоколите и мерките за заштита.

Градоначалниците побараа од Министерството да продолжи инвестирањето во училишните објекти и опремата, како услов за поместување кон повисоки стандарди на образование на децата.

Министерот Шаќири нагласи дека МОН вложува подеднакво во сите општини, без оглед дали се тие урбани или рурални средини, независно од етничкиот состав на учениците, затоа што сите деца имаат право на квалитетно образование.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...