spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за...

МТСП: Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вчера се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата стана збор за проектите кои Министерството и општината заедно ги спроведуваат. Министерката Тренчевска, го информираше Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.

 

„За брза  реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца“, рече Тренчевска.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте