Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во споредба со декември 2021 година, е зголемен за 2.4 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.3 %, Алкохолни пијалаци за 2.4 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4.2 %.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика