Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа средба со претставниците на „Дојче Телеком“ Доминик Лерој- членка на Одборот на директори, Марк Васиќ, директор на Секторот за меѓународни регулативни работи, како и со Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.
На средбата се разговараше за големите неискористени простори за дигитална трансформација на Северна Македонија.
„Зголемувањето на брзината на комуникација значи зголемување на размената и олеснување на бизнисот и можностите за интернационализација на локалните стартапи“, рече министерот Алити, изразувајќи големо задоволство од средбата.
Министерот оцени дека инвестициите на „Дојче Телеком“ во Северна Македонија се глас за доверба за нашата земја и нашите политики за дигитализација и поврзување.
„Се согласивме дека брзината на комуникација и повеќекратните можности за поврзување ја подобруваат деловната и инвестициската клима и создаваат работни места. Им се заблагодарив на „Дојче Телеком“ за нивната подготвеност да и помогне на Владата со совети за секој проект што води кон дигитална трансформација. Мерило за нашиот успех ќе биде олеснување на животот на граѓаните во секој однос со јавната администрација“, рече министерот Алити.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација