spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Работен состанок на министерот Шаќири со градоначалникот на општина Теарце

МОН: Работен состанок на министерот Шаќири со градоначалникот на општина Теарце

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја интензивира непосредната комуникација со градоначалниците на општините во државата, а со цел запознавање со локалните предизвици во областа на образованието и заедничко изнаоѓање решенија за надминување на истите во интерес на учениците, наставниците и другите вработени во основните и средните училишта.

Во таа насока беше и средбата со градоначалникот на Теарце, Нухи Незири, на која се разговараше за состојбата во училиштата во оваа општина и предизвиците со кои се соочуваат при работењето на стартот на второто полугодие од учебната 2021-2022 година.

 

Градоначалникот Незири рече дека најголеми реакции во првото полугодие имало од учениците и вработените во основното училиште „Фаик Коница“ во с. Одри, поради нефункционалност на системот за греење, но дека сега веќе во второто полугодие тој проблем е целосно надминат.

Министерот Шаќири истакна дека МОН и понатаму ќе остане отворена институција за соработка со сите општини и дека само со заеднички напори можеме значително да го унапредиме образовниот систем од кој зависи создававањето на идни и што поквалитетни генерации на ученици.

 

Во следниот период, како што рече, особено ќе се посвети внимание на образовната инфраструктура во дел од општините каде потребите од инвестиции се навистина големи поради дотраеност на објектите во кои се организира настава.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте