spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, јануари 2022

Водовод Скопје: Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, јануари 2022

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  јануари, 2022 пречистени се вкупно 71.339 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 2 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 (отпад од песколовец – песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.

Во периодот од 03.01.2022  до 31.01.2022  беа  изработени  анализи на 14 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  јануари, 2022 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник – Службен весник на РМ бр.73 од 31.05.2011 година.

 

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје 

Прочитајте