spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Првите луѓе на Анти допинг институцијата на Србија на работен состанок

АМС: Првите луѓе на Анти допинг институцијата на Србија на работен состанок

Директорот на Агенцијата за млади и спорт организираше работна средба со челниците на Установата за Анти допинг во спортот на Србија, на чело со директорот на установата Проф. Др. Милица Вукашиновиќ-Весиќ, заменик директор Проф Ненад Ѓурѓевиќ, како и Заменик министерот за спорт на Србија Урош Прибичевиќ.

Претставници во вид на експерти од македонска страна беа Проф. Др Зоран Ханџиски и Проф Др Ели Ханџиска, а со видео бим учествуваше и претседателот на комисијата за Анти допинг за РСМ Др Илија Стоилов.

Се направи презентација на нивната установа по измени и дополнувања во Законот од 2021, а согласно насоките на светската анти допинг организација WADA. Имено тие ги посочија сите чекори на формирање на Институцијата која е независно тело, а финансирана е од Буџет на РС.

Организациската структура е осмислена со постоење на Управен Одбор и Одбор за Анти допинг контрола, како второстепено тело во состав на установата.

Целта на нивното гостување е низ презентирање на нивната работа да се помогне во формирање на една таква институција во нашата држава со цел да се испочитуваат правилата на WADA, но и за комплетна независност во работењето.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...