Почитувани земјоделци,
Ве известуваме дека рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31.мај, ќе биде продолжен до крајот на јуни, заклучно со 30.06.2021.
Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На денешната седница, Владата го прифати барањето.
Ве замолуваме, искористете го продолжениот рок и аплицирајте електронски на www.ipardpa.gov.mk или обратете се во подрачните единици на МЗШВ. Вработените ќе ви помогнат да аплицирате.
Извор: Влада