spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите

Град Скопје: Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите

Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта  извршија санација на крупните оштетувања на коловозите  на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди.

На  пешачкиот  премин на булеварот Александар Македонски, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски  извршена е подготовка  за семафорска инсталација, а на  повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација.

Екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и вршат замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Илинден: Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците

0
По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта...