spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Средба на министерот Шаќири со претседателот на СОНК Неделков

МОН: Средба на министерот Шаќири со претседателот на СОНК Неделков

Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно образовниот процес, затоа Министерството за образование и наука вложува максимални напори за достоинствено вреднување на нивниот труд и директна поддршка. На оваа важна тема и продолжување на досегашната успешна соработка вчера на работен состанок разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на СОНК Јаким Неделков.

 

Министерот Шаќири на средбата истакна дека синдикатот останува силен партнер на МОН во спроведувањето на сите реформски процеси, со кои меѓу другото е предвидено и јакнење и унапредување на наставниот кадар. Министерството за образование и наука посветено и континуирано се залага за вреднување на трудот на наставниците, а тоа го предвидуваме и во законските измени кои се во собраниска процедура.

Економската и правната сигурност на наставниците за Владата е на врвот на приоритети за што е подготвен закон со кој се гарантираат овие права на наставниот кадар и стручните соработници.

На средбата Претседателот на СОНК, Неделков изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството за образование и наука и најави дека и во иднина синдикатот ќе го продолжи дијалогот со претставниците од МОН.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...