spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Работна посета на Државниот пазарен инспекторат

АПЈ: Работна посета на Државниот пазарен инспекторат

Директорот на АПЈ, Илбер Села, завчера оствари работна посета на Државниот пазарен инспекторат каде што се сретна со Анета Симеска Димоска, вршител на должноста директор на инспекторатот.
Целта на посетата беше да се согледа состојбата околу примената на Законот за употреба на јазиците во функционирањето на инспекторатот. Констатација на двете страни е дека инспекторатот доцни со имплементација на обврските од првата фаза на спроведување на законот како што е промената на службениот печат, штембилите, меморандумот на службените акти итн.
Исто така, потребно е службените обрасци кои се користат во работата на инспекторатот да бидат изготвени на службените јазици заради усогласеност со законските прописи.
Двајцата соговорници оценија дека постои волја кај новото раководство на инспекторатот за почитување на Законот за употреба на јазиците и дека ваквата средба е повеќе од корисна бидејќи претставува можност за размена на ставови во врска со одредени прашања кои произлегуваат од примената на законот.
Директорот Села достави сет на публикации и понуди поддршка во делот на вклучување на вработени лица во инспекторатот во програмата за обука на преведувачи и лектори која ја спроведува АПЈ, како и помош околу превод и лекторирање на општи акти и обрасци по кои постапува инспекторатот.
Двете страни се заложија за понатамошно унапредување на соработката во интерес на обезбедување целосно и доследно почитување на законските обврски.

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...