spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Грант од 750.000 евра од програмата „ЕУ за Општините“

Велес: Грант од 750.000 евра од програмата „ЕУ за Општините“

Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои Општината добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.
За таа цел, Градоначалникот Марко Колев и одговорните служби од Општината одржааа работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот.
На средбата Градоначалникот Колев изрази благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...