spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Учениците од Висока Маала започнаа настава во новото училиште

Василево: Учениците од Висока Маала започнаа настава во новото училиште

За прв пат учениците од 4-то и 5-то одделение од населеното место Висока Маала, започнаа да посетуваат настава во новото училиште, изградено пред  повеќе од шест години.

По тој повод ги посети градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој им поскувајќи им успех во образованието, стартот во новото училиште им го разубави и со подарок-школски прибор.

„После подолга комуникација со родителите на учениците, успеавме да ги убедиме дека посетувањето настава во овој училишен објект е најдобрата опција за сите. Објектот е нов, опремен со инвентар и во секој поглед ги задоволува условите за нормално одвивање на наставата. Надминати се и недоразбирањата околу оддалеченоста на училиштето од населеното место, кое од страна на родителите се  нотираше како еден од најголемите проблеми поради што  не им дозволоваа на децата да посетуваат настава во новото училиште“, изјави градоначалникот Андонов по денешната посета на новото училиште во Висока Маала.

Училиштето е изградено во соработка и со средства обезбедени од Турската владина организација ТИКА, но се до денес учениците односно нивните родители одбиваа наставата да се одвива во овој објект.

 

 

 

Извор: Општина Василево 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...