spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиУтврдување на право на Бенифициран стаж

Утврдување на право на Бенифициран стаж

Се одржа средба помеѓу Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Директорката на ДИТ, Весна Томовска, а на средбата присуствуваа и членови на Синдикалната организација на БУЧИМ од Радовиш и Секретарот на Синдикатот за градежништво, идустрија и проектирање на Република Македонија.

На средбата стана збор за потребата од утврдување на бенифициран стаж на одреден број на работни места во рудниците, градежништвото, за комуналните работници и сите други работни места за кои синдикатите во изминатите години имаат доставено барања и елаборати до Министерството за труд и социјална политика.

Договорено е комисијата на МТСП во наредните месеци да ги разгледа сите барања кои години наназад не се разгледувани и да се изготват извештаи за секој посебно за да се комплетира процесот со утврдување на правото на бенифициран стаж за сите категории на работни места за кои тоа не неопходно.

Отворениот пристап на Министерката Тречевска за решавање на проблемите на работниците игра важна улога во социјалниот дијалог кој успешно се води помеѓу ССМ и МТСП за изнаоѓање на одржливи решенија.

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...