spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со Шефот на мисијата на ОБСЕ...

Кисела Вода: Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со Шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со ­Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.На овој работен состанок, се отворија повеќе теми од областа на локалната самоуправа, кои се поврзани со  тековните проекти.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски, ги презентираше и капиталните проекти од својата Програма, кои во еден дел се веќе отпочнати, а најголемиот број ќе се реализираат со почетокот на градежната сезона.

 

На средбата, на која присуствуваше и бискупот Кирил Стојанов, се говореше и околу намерите за рамномерен развој на општината, планирањето за формирање на две нови технолошко развојни зони во општината и ­ подобрувањето на деловната клима во Кисела Вода во целост, која треба да донесе инвестиции во целата општина. Амбасадорот Клеменс Која истакна дека Кисела Вода и нејзиниот градпначалник, можат да сметат на поддршка од на мисијата на ОБСЕ.

 

Разговорот беше заокружен со договор за следна средба.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте