spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕРака за национално единство, време е Ковачевски да ги напушти слепите политики...

Рака за национално единство, време е Ковачевски да ги напушти слепите политики на заевизмот и да застане во одбрана на државните и национални интереси

Не очекувам од луѓето кои се слепи следбеници на заевизмот, една политика која е жестоко поразена на изминатите локални избори на два пати да бидат рационални и да се издигнат над ситуацијата и да застанат еднаш во одбрана на македонското национално достоинство и да ги штитат македонските вредности, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за повикот до Ковачевски за национално единство.

Мицкоски истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ подаваат рака и дека доколку Ковачевски му стане јасно дека треба да ги напушти слепите политики на заевизмот, треба да го прифати повикот за национално единство.

– Јас подадов рака, таа рака се уште е подадена, стојам на располагање, секогаш кога ќе треба да се обезбеди единство, заедништво, консензус, тука сме да зборуваме отворено, пред отворен врати, пред камери ако треба , да не се криеме, нема што да криеме. Зошто да се крие 3+2, 5+1, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека треба народот да знае затоа што доста му е од порази и конечно да престанеме да се делиме, туку да се обединиме околу тоа што значат државни и национални интереси.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

 

Прочитајте