1. Назив на Министерството: Министерството за животна средина и просторно планирање
Министерството за животна средина и просторно планирање подготви измени и дополнувања на Законот за водите.
2. Проблем: При анализа на состојбата со управување со водите и согласно препораките од ревизорските извештаи во областа на водите беше увидено дека е потребно подобрување на одредени одредби од Законот за водите.
Кон изменување и дополнување на Законот се пристапи заради:
– Допрецизирање и појаснување на одредени дефиниции во законот, како и додавање на нови дефиниции со кои ќе се овозможи полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот;
– Дополнување и допрецизирање на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право заради поефикасно спроведување на истите;
– Промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела со цел исполнување на препораките дадени во ревизорскиот извештај;
– Обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода како и
– Други работи со кои се подобруваат одредбите од законот заради негово полесно и поефикасно спроведување.
- Цел: Главна цел на предлог на законот е допрецизирање и дообјаснување на одредени одредби од Законот со кои ќе се овозможи полесно и поефикасно спроведување на истиот, односно обезбедување на подобра заштита на водите.
Дел од решенијата во законот ќе овозможат разграничување и дефинирање на конкретните активности на одговорните органи и институции во спроведувањето на Законот за водите. Дополнително доуредување на одредбите на инспекцискиот надзор треба да доведат до поефикасен надзор во областа на водите.
Можноста за јавноста да се вклучи во постапката за доделување на концесија за користење на вода ќе овозможи поголема транспарентност на целиот процес.
- Временска рамка за изготвување на законот:
– 14 февруари – 15 март 2022 година – достапност на нацрт верзија на законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање за доставување на коментари и забелешки по истата;
– Во периодот од 25 февруари до 5 март 2022 година – организирање на јавна расправа по нацрт верзијата на законот;
– Во текот на март 2022 година разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и соодветно вградување во нацрт текстот на законот и нацрт извештајот за ПВР;
– До крајот на март 2022 година – доставување на измените и дополнувањата на Законот до Владата на Република Северна Македонија.
5. Засегнати страни:
– Министерство за економија;
– Министерство за здравство;
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
– Министерство за транспорт и врски;
– Министерство за финансии;
– Министерство за информатичко општество и администрација;
– Mинистерство за локална самоуправа;
– Државен инспекторат за животна средина;
– Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања;
– Секретаријат за европски прашања;
– Институт за јавно здравје;
– Управа за хидрометеоролошки работи;
– АД Водостопанство на Република Северна Македонија;
– Електрани на Северна Македонија;
– ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа);
– Стопанска Комора на Северна Македонија;
– Сојуз на Стопански комори;
– Стопанска Комора на Северозападна Македонија;
– Стопанска Комора за енергетика на Македонија;
– Здружение на рибопроизводители;
– Здружение на даватели на комунални услуги (АДКОМ);
– Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
- Начин на вклучување на засегната јавност:
Доставување на мислење, организирање на јавна расправа и по потреба организирање состаноци со засегнати страни.
- Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:
- Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
Адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје
email: infoeko@moepp.gov.mk
- Одговорно лице за контакт во министерството:
Илбер Миртаи Мелита Гочевска, Сектор за води, Управа за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање