spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска ја отвори обуката за запознавање со Програмата за инвестирање во...

МЖСПП: Оџаклиеска ја отвори обуката за запознавање со Програмата за инвестирање во животната средина

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска ја отвори онлајн обуката наменета за општините, што имаше за цел да ги информира општините и да им помогне при подготувување на апликацијата за користење на средства од Програмата за инвестиции во животнатат средина за 2022 година што треба наскоро да биде достапна.

Во своето воведно обраќање, заменик министерката изрази задоволство што општините покажуваат зголемен интерес за присуство на обуките од областа заштита на животната средина кои и оваа година ги организира Министерството.

На обуката присуствуваа претставници од 80 единици на локалната самоуправа во нашата држава, а се разговараше за достапноста и начинот на аплицирање за Програмата за инвестирање во животната средина, согласно член 172 (4) од Законот за животна средина, преку која општините имаат можност да добијат финансиска помош за подготовка на техничка документација и за изведба на инфраструктурни проекти со краен исход – подобрување на животната средина.

Од страна на Министерството беа подготвени две презентации, од кои едната се однесуваше на законските одредби поврзани со Програмата, а во втората беа претставени целите на Програмата, правото и начинот на аплицирање и правилното пополнување на документот, како и други дополнителни информации поврзани со оваа проблематика.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...