Министерот за правда д-р Никола Тупанчески придружуван од Заменикот Претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи д-р Гордана Лажетиќ, оствари работна посета на Основниот суд Велес и Кавадарци.
Министерот Тупанчески заедно со претседателите на судовите Лидија Димова и Лазар Нанев разговараа за предизвиците со кои се соочуваат, идните активности од реформската агенда и како да се подобрат и зајакнат капацитетите на правосудните органи.
На средбата фокус тема беше процесот на дигитализација и работата на ИКТ Советот како дел од новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2022-2027.
Констатирано на средбите беше дека мора заеднички сите чинители на правосудниот систем да работат на градење современо судство кое ќе овозможува поголема прецизност и ефикасност во работењето, бидејќи тоа е во интерес на странките и граѓаните.
Извор: Министерство за правда