Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески остари координативна средба со претседателката на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси, Билјана Ивановска, претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, Иван Џолев и Основниот јавен обвинител, Гаврил Бубевски.
Министерот истакна дека еден од предусловите за градење на ефективен и ефикасен правосуден систем е да се продолжи со борбата против корупцијата и да се преземат сите активности од надлежните органи за нејзино натамошно спречување.
На крајот на средбата, присутните се сложија дека спречувањето на корупцијата и сузбивањето на организираниот криминал остануваат врвен приоритет кој што бара меѓусебна поддршка и успешна соработка.
Извор: Министерство за правда