spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот Маричиќ на средба со Постојаната координаторка на Обединетите Нации Дуџак

Вицепремиерот Маричиќ на средба со Постојаната координаторка на Обединетите Нации Дуџак

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со Постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, на која разговараа за поддршката која канцелариите на координаторката ќе ја обезбедат за спроведување на долгорочен развоен план за земјава во насока на поддршка на процесот на демократизација на Северна Македонија. Исто така во рамки на соработката ќе се поддржи реализација и на други проекти во области кои се во интерес на граѓаните и воедно се во согласност со планираните европски реформи и приближување до европските стандарди. Јакнењето на стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Нации двајцата се согласија дека ќе се реализира преку интензивирана соработка во претстојниот период.

Постојаната координаторка Дуџак изрази задоволство од поставените цели и приоритети на вицепремиерот Маричиќ изразувајќи надеж дека ќе бидат постигнати во претстојниот период и ќе дадат импулс на напредок во приближувањето на земјата кон ЕУ и старт на преговорите со Унијата, посочувајќи дека секое одложување се одразува негативно ине само на земјата, туку и на регионот и самата ЕУ.

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...