spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПроцес за обезбедување алтернативни извори на гас

Процес за обезбедување алтернативни извори на гас

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за отпочнување процес за реализација на меѓународна инвестиција, која е првиот чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност, сигурност и безбедност и фокус на алтернативни извори на гас. Владата, преку АД Електрани на Северна Македонија отпочна процес на за резервација на капацитети за природен течен гас во ЛНГ Терминалот Александропулос, Република Грција што ќе овозможи зголемување на сигурноста во снабдување со природен гас за граѓаните.

Реализацијата на оваа инвестиција потенцијално ќе значи отворање втора рута, односно снабдување на Република Северна Македонија со течен гас од други земји, покрај моменталниот снабдувач. Ова ќе значи потенцијално зголемување на капацитетот за дотур на гас во земјава, би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.

Покрај сигурното и долгорочно снабдување со природен течен гас за граѓаните на Северна Македонија, се очекува и да се зголемат и инвестициите во гасификацијата. Имајќи ја предвид денешната енергетска криза во Европа и кај нас, ова е конкретен чекор која треба да даде резултати во стабилизација на снабдувањето со енергија во Република Северна Македонија.

Реализацијата на овој геостратешки проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка за ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...