spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Прва фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци

Град Скопје: Прва фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во неделата и понеделникот во раните утрински часови беше извршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, на вкупна површина од околу 15.000 хектари.

Авионската дезинсекција ги опфати урбаните подрачја и приградските населби, кои со своите блата се природната средина на комарците.

Во тек е и терестричната дезинсекција против возрасни комарци, која почна во понеделникот, а ќе се реализира до петок.

За потсетување, оваа година Град Скопје изврши и 2 авионски и 2 терестрични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...