spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: ЗЕЛС ургентно бара состанок со Владата со цел решавање на...

Град Скопје: ЗЕЛС ургентно бара состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

На вчерашната четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок да се побара итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од  енергетската криза.

Оттаму наведуваат дека се бара средбата да се реализира со членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.

Станува збор за голем проблем и градоначалниците веќе подолг период алармираат на повеќекратно зголемување на сметки за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата. Претставниците на ЗЕЛС побараа навремена реакција од Владата за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на јавните претпријатија и образовните институции.

На состанокот се дискутираше и за општата финансиска состојба на општините, каде што ЗЕЛС уште еднаш го потврди ставот дека за поголема финансиска самостојност потребно е зголемување на средствата од дотации и поголем процент од персоналниот данок на доход, како и данокот на додадена вредност.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...