spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПо иницијатива на Јанчев, Советот на Општина Гевгелија едногласно изгласа пренос на...

По иницијатива на Јанчев, Советот на Општина Гевгелија едногласно изгласа пренос на седниците во живо

По иницијатива на советникот од Левица, Сашко Јанчев, на шестата седница на Советот на Општина Гевгелија едногласно беше одлучено седниците на Советот од месец март 2022 да се пренесуваат во живо. Во прилог дел од образложението на советникот.

“Согласно член 42 од Законот за локална самоуправа, согласно член 115 од Статут на Општина Гевгелија, согласно член 130 од Деловникот на Општина Гевгелија работата на Советот е јавна доколку јавноста не биде исклучена. Исклучување на јавност од седница се прави конкретно за одредена седница со двотретинско мнозинство. Во сите други случаи нема ништо тајно во работата на Советот и неговите комисии.

Дополнително, ние сите во нашите предизборни програми барем десеттина пати го имаме спомнато зборот транспарентност.

Во една парламентарна демократија, каква што се лажеме дека сме, највисок орган е праламентот. Кај нас, седниците на Парламентот одат во живо, дури и со закон е предвидено да постои посебна телевизија за таа работа, ама кај нас седниците на Советот на Општина Гевгелија не одат во живо.

Дополнително, советите на општини кои по број на жители се пет и пол пати помали од нас и кои сонуваат да имаат на пола од нашиот буџет веќе вршат пренос на своите седници.

Пред месец и пол, на дваесет и осми декември се направија седумдесет и седум години од Второто заседание на АСНОМ. Зошто го спомнувам ова? Затоа што седницата на Второто заседание на АСНОМ е директно емитувана од Радио Скопје. А еве ние во две и дваесетта уште немаме емитување во живо на седниците на Советот на Општина Гевгелија.

Мене од овие податоци ме фаќа малку срам, а гордо знаеме да си кажеме дека Гевгелија е порта кон Европа. Затоа предлагам оваа одлука да ја усвоиме.”

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...