ВМРО ДПМНЕ не е реформирана партија, а најмалку се грижи за граѓаните. Требаше да поминат 100 дена за оваа партија да си го покаже вистинското лице во општините, ниту еден проект во интерес на граѓаните, нема 33 новоизградени гардинки ама има скапи брендови на наочари за сонце и мобилни телефони.
Во време на економско-енергетска и здравствена криза не само кај нас туку секаде во светот, градоначалниците од оваа партија најмногу трошат на партиски вработувања и луксуз. Не поминал ден, градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ да не имаат некакви побарувања, но ниту едно од нив не е во интерес на граѓаните во општината.
Стоте дена локална власт на Бошко Цветковски како градоначалник на Лозово од ВМРО ДПМНЕ се во знакот на 8.000 евра луксуз, толку пари чинат наочарите за сонце и мобилниот телефон што ги носи Цветковски. Богата агенда имал Цветковски во првите три месеци од мандатот како прв човек на општината. Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат колку пари нивните градоначалници потрошиле од општината за да се китат со мобилни телефони и скапи наочари за сонце? Како градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ не може да си ги платат сметките за струја, а можат да купат наочари за сонце кои чинат скоро 2.000 евра?
Не помина ни едно деноноќие откако партискиот кадар на ВМРО ДПМНЕ „независната“ Данела Арсовска јавно се закани со радикализација како што рече ако Владата на градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ не им ги платила сметките за струја.
Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ обезбедија пари за вработување партиски кадри, обезбедија пари за набавка на апетисани и пијалаци за коктели, има пари во општините и за луксуз, на сметка на тоа скопјани ги оставија без парно и сега немаат пари да си ги платат тековните сметки во општините. Колку сметки за струја чинат очилата и мобилниот телефон на градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски?
Извор: СДСМ