Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека согласно добиената нота од Амбасадата на Мексико во Белград, преку Амбасадата на Република Северна Македонија, поради добиената потврда од Светската организација за здравје на животните – (OIE), за појава на болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, на лицата кои патуваат во Мексико, а кои претходно ја посетиле Република Северна Македонија не им е дозволено да внесат било какви производи од свинско месо на територијата на Мексико.
Забраната е воведена поради заштита на внесување на болеста африканска свинска чума.