spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Со неточни информации повторно се манипулира со безбедноста на храната

АХВ: Со неточни информации повторно се манипулира со безбедноста на храната

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ изнесени на прес конференцијата, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на  болеста птичји грип.

АХВ е професионална институција и затоа пред граѓаните одговорно тврдиме дека храната која е увезена од оваа земја е безбедна.

Посочените увози во изјавата на Трипуновски се однесуваат на увоз на замрзнато месо  и замрзнати производи од пилешко и мисиркино месо ( панирани производи) и истите потекнуваат од региони во Република Словенија кои се слободни од болеста птичји грип, а  производите од месо се термички третирани со специфичен Д третман, што е исклучок од забраната за увоз. Станува збор за производи кои слободно може да се увезуваат откако ќе го поминат овој специфичен третман. За трите посочени пратки, словенечките ветеринарни власти имаат издадено соодветен сертификат со кој се гарантира нивната безбедност.

Манипулациите со кои се служи Трипуновски и со кои на сметка на граѓаните и бизнис заедницата од двете земји собира ситни политички поени, место да ги унапредуваат само ги уназадуваат економските врски на двете земји. Дегутантно е со соопштенија во кои не се проверуваат фактите, по секоја цена, да се инсистира да се биде присутен во јавноста.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...