Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски, извршија увид на терен за започнување на изградба на нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации, од кои една до ТЦ „Чаирчанка”, на улицата Цветан Димов, во општина Чаир.
Планирани се нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Скопје, меѓу кои е и паркингот до трговскиот центар „Чаирчанка”. Станува збор за простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.
Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места ќе се решат долгогодишните проблеми со паркирањето во овој дел од градот.
Извор: Град Скопје